Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да започне судењето на поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, за злоупотреби во Државна лотарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно обвинение за Груби за злоупотреби во Државна лотарија, останува во куќен притвор
Тој моментално е во куќен притвор во неговиот стан во скопски Чаир.
Сите наместо за проневера во службата, се гонат за друго кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување, кое предвидува поблага казна.
Обвинителството ги товари дека во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности и со намера на Државна лотарија ѝ нанеле штета од 8,2 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Артан Груби
Колку полицајци го чуваат Артан Груби
Фото: Груби/Фејсбук














