Пожарот кај Бигла е ставен под делумна контрола, ер-тракторите пренасочени кон границата со Бугарија

Пожарот кој изби кај Бигла меѓу Македонска Каменица и Делчево е ставен под делумна контрола, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ер-тракторите се пренасочени кон гаснење на силен шумски пожар во борова шума кој избил на границата со Бугарија, на територијата на Општина Пехчево.

Покрај овие пожари активни се и пожарите во Студеничани, на планината Китка каде што било загрозено селото Палиград.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести