Градежната компанија Рапид билд од Куманово ќе го гради интерконективниот гасовод од Македонија до Србија.
Станува збор за инвестиција од 29,4 милиони евра, а истиот треба да биде завршен до крајот на 2028 година.
Договорот е склучен по принципот „клуч на рака“, според моделот FIDIC, кој ги опфаќа урбанистичкото планирање, проектирањето, изградбата и обезбедувањето одобрение за употреба, а истиот денеска го потпишаа директорот на Рапид билд, Тони Каранфиловски и Недим Рама, директорот на Номагас АД Скопје.
Македонскиот дел од гасоводот ќе биде долг 22,4 километри, со дијаметар од 500 милиметри, а почетната точка ќе биде кај блок-станицата „Клечовце“. Крајната точка ќе биде на границата со Србија, во близина на селото Сопот.
Треба да бидат изградени и пет придружни објекти: главна интерконекторна мерна станица, редукциска станица, блок-станица и две приемно-отпремни чистачки станици, а технички капацитет на гасоводот треба да изнесува до 160.000 кубни метри гас на час, со можност за двонасочни текови.
Рапид билд веќе го гради интерконекторот со Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Договор од 1,7 милион евра склучи НОМАГАС со „Рапид билд“
Која е компанијата која ќе го гради интерконекторот со Грција














