
Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија, двајца признале вина
Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за организираниот транспорт на марихуана од Македонија во Србија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност, информираа од Обвинителството. -Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија





























