Премиерот Христијан Мицкоски кој се врати од годишен одмор со семејството од Белгија, денеска сподели детали како поминале.
Како што беше претходно најавено четири дена биле во Бриж, а три дена во Брисел. Таму немал политички средби, ама имал средби со инвеститори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски на годишен одмор со семејството ќе оди во Белгија
-Имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување договор. Едниот е од Германија, едниот е од САД, а третиот прави проширување на постојната инвестиција и многу наскоро, оваа есен, сите три ќе потпишат договори, рече тој меѓу друго.
Истите биле во фаза на реализација и се работело на последните детали од договорите, а очекува истите да поминат на некоја од следните владини седници.
За годишниот одмор или како што самиот претходно го најави – екскурзијата, рече дека била дел од воспитувањето на неговите синови. Еднаш во годината посетувале по еден европски град.
Рече дека во Белгија посетиле значајни места за земјата и на тој начин ја изучувале заедно нејзината историја.
Сподели и дека заедно веќе биле во Прага, Чешка и во Будимпешта, Унгарија.
-Еднаш бевме во Прага, еднаш во Будимпешта. Посетата во Будимпешта ја искористивме да го гледаме натпреварот меѓу Португалија и Унгарија, бидејќи на помалиот син Роналдо му е омилен фудбалер.
Потоа, еднаш бевме во Виена.
Оваа година немавме можност, затоа што јас сум виновен. Оваа пролет некако јас немав можност да појдам. Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи, итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научно-образовна екскурзија во Белгија, рече тој.
Лани тој со семејството беше на годишен одмор во Хрватска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски со семејството замина на годишен одмор во Белгија, ќе ги посетат Бриж и Брисел
Фото: Влада














