Макпромет АД Штип во првото полугодие од годинава остварил добивка од 1,906 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Остварените оперативни приходи изнесуваат 138.043 илјадa денари.
-Се состојат од приход од продажба на производи и услуги на домашен пазар во износ од 51.267 илјади денари и приход од продажба на странски пазар – 86.776 илјади денари, велат од таму.
Вкупните оперативни расходи изнесуваат 136.137 илјади денари.
-Се состојат од трошоци за суровини и материјали и електрична енергија во износ од 68.520 илјади денари, набавна вредност на трговска стока во износ од 2.499 илјади денари, услуги кои имаат карактер на материјални трошоци во износ од 11.952 илјади денари, трошоци за плати и други надоместоци на вработените во износ од 43.136 илјади денари и останати оперативни трошоци во износ од 10.030 илjади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работел штипски Макпромет лани
Фото: Унсплеш














