Кој е Александар Чепиговски, новиот македонски херој, кој со трактор влезе во оган за да спречи проширување на пожар

Конечно политичарите или криминал на функционерите не е главна тема во Македонија. Сите зборуваат за младиот Александар Чепиговски од селото Ивањевци, кој се изложи на голем ризик влегувајќи со трактор директно во линијата на огнот, за да го изори просторот и да спречи проширување на пожарот во пелагониско.

Тој има 34 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вистински херој: Како младиот тракторист Аце од Ивањевци влезе во огнот и спречи катастрофа

Како што пренесува Канал 77, работи е во ЗК Пелгонија Битола, работи и со земјоделски машини, а заедно со брат му обработуваат и 30 хектари земјоделска површина.

Ширењето на пожарот го спречил со негов трактор.

-Садиме сончоглед, пченки, бавча, ама само за нас. Ова го правиме со брат ми заедно, бидејќи родителите ни се починати. Го правиме за да можеме да прeживееме.

Aко има некоја сметка поголема да може да ја платиме.

Садиме жито и приходот се поклопува со расходот. За нас, за маката, за наемнината што ја плаќаме за нивите, бидејќи не се сите наши, нема. Околу 15 хектари имаме земено под наем, вели тој за Канал 77.

Вели дека помогнал колку што можел и дека го направил тоа од хуманост.

-Не сум од луѓето што кога прават нешто го прават за да станат познати. Јас помогнав од хумност, таков човек сум. Сакав да ги спасам соседните жители со кои живееме и соработуваме.

Ама од сите што беа таму само јас и уште едно другарче не се откажавме. Влегувавме низ капини за да го изгасниме, раскажува тој, потенцирајќи дека завчера во тој дел од земјава било страшно и дека огнот стигнал на два метри до куќите.

-Таму не можеше да помине противпожарната единици, лош е теренот. Најстрашно беше во селото Ново Селани, ама сега пожарот е за среќа изгаснат, а куќите се спасени. Но, земјоделските површини не можевме да ги спасиме, изгоре тутун, пченки и се друго таму што има посадено. Голема површина, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вчера најтежок ден за справување со пожарите: Едно лице повредено, тракторист храбро се борел со огнената стихија во пелагониско

Фото: Чепиговски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести