(Видео) Вистински херој: Како младиот тракторист Аце од Ивањевци влезе во огнот и спречи катастрофа

Македонија го има новиот вистински херој. Младиот тракторист Александар Чепиговски или Аце од Ивањевци, вчера влезе да ора директно низ линијата на огнот во пелагониско и спречи ширење на пожарот на повеќе места.

Јавна пофалба Аце доби и од првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, кој рече дека тој покажал извонредна вештина на управување со неговиот огромен трактор, изложувајќи се на голем ризик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вчера најтежок ден за справување со пожарите: Едно лице повредено, тракторист храбро се борел со огнената стихија во пелагониско

Фото: Архива/Игор Бансколиев/видео: ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести