Како работела Витаминка во првото полугодие

Во првото полугодие од годинава Витаминка АД Прилеп и нејзините поврзани правни лица оствариле консолидирана добивка по оданочување во износ од 49.529 илјади денари, што претставува раст од 2% во
однос на истиот период од 2025 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Позитивниот финансиски резултат е постигнат и покрај растот на производните трошоци, што укажува на успешно управување со оперативните активности, финансиските ресурси и пазарните ризици, велат од таму.

Остварените консолидирани вкупни приходи изнесуваат 2.177.361 илјади денари, што претставува раст од 11% во однос на лани.

-Во структурата на консолидираните приходи, околу 99% се однесуваат на приходи од продажба на производи, стоки и услуги од основната дејност, кои бележат раст од 11% во споредба со истиот период од претходната година.

Растот на консолидираните приходи е резултат на: зголемена продажба на одредени производни категории; проширување и континуитет на извозните пазари; подобрена дистрибутивна покриеност и стабилизација на побарувачката во услови на умерена инфлација.

Остварените консолидирани приходи претставуваат 79% реализација во однос на планираните
приходи од 2.743.319 илјади денари.

Неисполнувањето на планираното ниво на приходи главно произлегува од: значително зголемување на цените на одделни репроматеријали, што создаде дополнителен притисок врз трошоците; определбата на Друштвото да не ги зголемува продажните цени на готовите производи, со цел зачувување на конкурентноста, пазарниот удел и долгорочните односи со купувачите; недоволна искористеност на новите производни капацитети, кои се очекува да придонесат за поголем обем на продажба во наредниот период; ограничување на продажбата кон дел од купувачите кои се соочија со проблеми во ликвидноста; приоритет на одржлива и квалитетна продажба, со фокус на профитабилни договори и оптимално управување со продажните активности, наместо на максимизирање на обемот; продажните активности во текот на периодот беа насочени кон исполнување на стратешките цели на Друштвото и оптимизација на продажното портфолио, што влијаеше планираниот продажен обем да не биде целосно реализиран, велат од таму.

Вкупните консолидирани расходи изнесуваат 2.128.575 илјади денари, што претставува зголемување од 15% во однос на истиот период од претходната година.

-Зголемувањето на консолидираните расходи произлегува од: зголемен обем на производство и продажба; повисоки цени на репроматеријалите, особено амбалажата и енергенсите; пораст на трошоците за транспорт и логистика; зголемени трошоци поврзани со одржување и пуштање во употреба на новите
производствени капацитети, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Витаминка откупи нови сопствени акции

46,6 милиони денари за менаџментот на Витаминка лани

Витаминка ќе дели дивиденда по акција од 400 денари бруто

Фото: Витаминка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести