Мицкоски со семејството замина на годишен одмор во Белгија, ќе ги посетат Бриж и Брисел

Како и што најави пред неколку денови, премиерот Христијан Мицкоски со семејството замина на годишен одмор во Белгија.

Четири дена тие ќе престојуваат во Бриж, а четири во Брисел.

Од Владата за телевизијата Телма, велат дека одморот на Мицкоски ќе има и службен карактер.

Приватниот дел од патувањето ќе биде во Бриж, а службениот во Брисел, но од Владата не наведуваат која институција тој службено ќе ја посети и со кого службено ќе се сретне.

Тие за Белгија заминале со комерцијален лет преку Виена.

Лани Мицкоски летуваше во Хрватска. На враќање се врати со владиниот авион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на годишен одмор со семејството ќе оди во Белгија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести