Концерт на Тамара Тодевска на 7. декември, објавени цените на билетите

Започна продажбата на билетите за големиот солистички концерт на Тамара Тодевска, кој ќе се одржи на 7. декември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Под мотото „25 години љубов“, Тамара ќе одбележи четврт век музичка кариера и една посебна врска со публиката која растеше заедно со неа и нејзините песни.

Концертот воедно ќе биде и премиерно концертно претставување на новиот визуелен албум „Кукла жива“.

Публиката за првпат во живо ќе ги слушне сите 10 песни од албумот, во изведба на Тамара и музичарите предводени од Емин Џијан, заедно со најголемите хитови и песни што ја одбележаа нејзината 25-годишна кариера.

Тамара и нејзиниот тим подготвуваат специјално осмислена музичка, сценска и визуелна продукција која ќе ги спои различните периоди од нејзината кариера во една вечер: 25 години музика, емоции и, пред сè, 25 години љубов.

Билетите за концертот се достапни преку Wayin.mk, во три категории: партер – 700 денари, трибини – 800 денари и фан зона – 1.100 денари.

Сите билети купени за претходно најавениот термин, 3. октомври, остануваат важечки и за концертот на 7. декември, без потреба од нивна замена. На сите кои не се во можност да присуствуваат на новиот датум ќе им биде овозможен поврат на средствата за купените билети.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.



  • Најчитани вести



  • Најчитани вести