Стан во Центар продаден за 168 илјади евра, куќа во Карпош за 1,5 милион евра, а деловен простор во Аеродром за 6,7 милиони евра: Најскапите продадени недвижнини во првата половина од годинава

Податоците на Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности на Агенцијата за катастар за првата половина од годинава покажуваат дека најскапиот стан за тој период е продаден во скопската општина Центар.

Станува збор за стан од вкупно 50 метри квадратни, вклучувајќи и четири метри квадратни помошни простории, а истиот е продаден за 168.000 евра. За метар квадратен купувачот на овој стан дал 206.640 денари.

Во скопската општина Карпош пак за овој период е продадена најскапата куќа. Истата се протега на простор од 575 метри квадратни, а се наоѓа на земјиште со површина од 1.731 метри квадратни. Истата е продадена за 1,5 милион евра.

Во скопската општина Аеродром е продаден најскапиот деловен простор – за 6,7 милиони евра. Станува збор за објект со површина од 3.478 метри квадратни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Трка“ меѓу Скопје и Охрид: Каде квадрат за стан е повисок

Во Скопје за закупнина за стан се плаќа и 3.741 евра

Како се движи цената на становите во Скопје?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.



  • Најчитани вести



  • Најчитани вести