Извештајот од Регистарот на цени и закупнини за втората половина од 2025 година на Агенцијата за катастар на недвижности покажува дека најскапата закупнина на стан во овој период била во Скопје – 230.450 денари или 3.741 евра.
Најниската закупнина е пак во Струмица – само 83 денари или 1,34 евра.
Највисока вкупна вредност на остварена цена од закуп на станови е постигната во скопски Центар – 11.413.380 денари или 185.282 евра, следи скопски Аеродром со 5.898.230 денари или 95.750 евра и скопски Карпош со 5.742.485 денари или 93.222 евра.
Во скопските општини, највисоката просечна месечна закупнина на стан е во Центар 22.736 или 369 евра, а најниска во Бутел – 3.489 денари или 56,6 евра. Во Карпош изнесува 22.344 денари или 363 евра, во Аеродром 19.595 денари или 318 евра, во Ѓорче Петров 16.714 денари или 271 евра и во Гази Баба 15.799 денари или 256,5 евра.
Во овој период биле евидентирани 5.237 закупувања, што е за 14,2% повеќе споредено со истиот период претходната година.
Најголем број од закупувањето се однесува на станови, 2.156 или 41%, и на деловни простории – 1.651 или 32%.
Најмногу од закупувањето станови имало во скопски Центар – 502, следи Штип со 356, скопски Аеродром – 301 и скопски Карпош – 257.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Странците видоа бизнис во високите цени на становите, ќе растат ли уште повеќе?














