И странците видоа можност за бизнис со недвижнини во Скопје, каде цените почнувајќи од 2022 година драматично растат.
Како што објави телевизијата Телма, данскиот инвестициски фонд Ваексткапитал груп, регистриран во Луксембург, веќе купил 250 станови во Скопје, а крајната цел му е да купи најмалку 1.000.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тие купуваат станови уште при ископани темели за зградите, со што добивале пониска цена од онаа кога ќе бидат готови.
Од Фондот не кажуваат дали истите потоа ќе ги продаваат или ќе ги изнајмуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како што е познато цените на недвижниот имот во главниот град веќе рушат рекорди, а експертите од овој бизнис прашуваат дали овој тренд, во кој се вклучуваат и странци, е “совршен” рецепт за креирање ценовен “балон”.
Или преведено цените може дополнително да растат, благодарение на зголемениот интерес за купување на недвижнини, а на крај “балонот“ да пукне, како што се случувало во други земји, па да настане криза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се движи цената на становите во Скопје?
Цената на становите во Охрид пораснала за 27%
Цената на становите во Струмица пораснала за 20%, метар квадратен достигнува и до 1.300 евра














