25-годишниот Т.Б., од Општина Старо Нагоричание, кој е осомничен за убиството на М.С. (78) од кумановското село Челопек, за кого македонските органи истражуваат дали е поврзан и со други убиства, е во фокусот на јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Телевизијата Телма повикувајќи се на извори од истрагата објави дека се истражуваат пет починати жени кои биле пронајдени мртви во нивните домови, три од годинава и две од лани.
За сите жени освен за една, заедничко било што се жени во години, починале сами дома, но и сите биле пронајдени полуголи или голи.
Само една жена која е пронајдена мртва во својот дом пред околу еден месец и закопана, била помлада на околу 35 години.
Токму за неа сега Обвинителството барало обдукција откако беше есхумирана, објави КОД.
Во меѓувреме во медиумите се појавија и сведочења на жени кои преживеале напад од осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Телма објави снимка од осомничениот сериски убиец во кумановско
Фото: Унсплеш














