(Видео) Жена од Челопек сведочи како била давена од непознато лице додека се истражува дали има сериски убиец во кумановско

Додека надлежните органи истражуваат дали во кумановско има сериски убиец, 85-годишната Росанка од селото Челопек за телевизијата Сител сведочи како била нападната и давена од непознато лице во нејзиниот дом.

Според нејзиниот син станува збор за 25-годишниот Т.Б., кој е осомничен за убиството на М.С. (78) од истото село, а за кој органите истражуваат дали е во поврзан и со други убиства во кумановско.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има ли сериски убиец во кумановско: Се испитува дали 25-годишниот маж кој уби жена во Челопек е поврзан и со други убиства

Нападот врз жената се случил минатиот понеделник околу 14 часот. Непознато лице влегло во куќата и без да каже збор почнало да ја напаѓа.

-Ми фрли ќебе преку глава. Викам: “Кој е овој?“. Не збори ништо, само почна да ме удира. Прво ме фати за гуша, силно, за да не можам да викам, раскажува таа за Сител, истовремено покажувајќи ги повредите на лицето.

Според нејзиното сведоштво, во одреден момент се обидел и сексуално да ја нападне, по што избегал.

-Дојдов малку до здив и си велам: “Боже, која е оваа будала? 85 години имам…“, што сака од мене?, вели таа.

Нападот врз нејзе се случил неколку дена пред во селото да биде пронајдено телото на убиената 78-годишна жена.

Видеото ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

25-годишник осомничен дека убил 78-годишна жена во Челопек

Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести