Цената на становите во Куманово пораснала за 24%, а во Тетово за 22%: Како се движеле цените во втората половина лани

Извештајот од Регистарот на цени и закупнини за втората половина од 2025 година на Агенцијата за катастар на недвижности покажува дека во тој период во Македонија цената на продадените станови најмногу пораснала во Куманово, за 24%.

По него следи Тетово, каде растот е 22%, а очекувано растат и цените на становите во скопските општини Карпош, Кисела Вода и Гази Баба, за по 16%, а во Центар за 14%.

Цената во овој период единствено паднала во Гостивар, за 2%.

Споредувајќи го овој период со истиот од претходната година, највисок раст на обемот на купопродажби имаат Штип со 46% и Гостивар со 43%, а најголем пад има Велес со 30%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на становите во скопски Центар стигна до 232,7 илјади денари за квадрат, растат и цените во Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Охрид

Најмногу купопродажби се направени во Аеродром – 757, Центар – 636 и Гази Баба – 586. Најмалку купопродажби пак имало во Бутел – 203.

Движењето на цените во овој период, споредено со истиот од претходната година покажува раст на бројот на продадени станови во Гостивар, за 93%, во Штип за 23%, во Прилеп, за 15% и во Тетово, за 13%.

Најголем пад на бројот на продадени станови пак има во Струмица, за 20% и во Битола за 19%.

Од 1 јули до 31. декември 2025 година, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани вкупно 17.603 трансакции.

Споредено со првото полугодие од 2025 година, во второто полугодие има пораст на вкупниот број на трансакции на пазарот на недвижности за 11,6%. 

Во втората половина лани во Регистарот се впишани 9.953 продажби на недвижности, 2.031 продажби од инвеститор, 306 откупи од државата и 75 продажби на лицитација.

Споредено со истиот период во 2024 година, има раст на продажбите за 3,4%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Странците видоа бизнис во високите цени на становите, ќе растат ли уште повеќе?

Како се движи цената на становите во Скопје?

Цената на становите во Охрид пораснала за 27%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести