Колку е стар, каде е купен: Сите детали за владиниот авион

Владиниот авион стана топ тема во јавноста и на социјалните мрежи откако беа објавени информации за тоа кој колку од функционерите го користи и за што, и најавата дека се планира да се купи нов.

Последната година него најмногу го користела претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која смета дека треба да се купи нов, побезбеден и со поголем капацитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секогаш имам дилема кога летам со владиниот авион, вели претседателката Сиљановска Давкова, смета дека треба да се купи нов и побезбеден

Колку е стар и од каде е купен

Станува збор за авион од типот „лирџет 60“, кој е произведен во 2004 година во Вичита, Канзас, САД.

Произведен е од „Бомбардиер аероспејс“.

Во сообраќај е од јануари 2005 година.

Купен е во времето на владата на поранешниот премиер Владо Бучковски, откако претходниот владин авион од типот „кинг-ер“ падна кај Мостар, Босна и Херцеговина, а во несреќата загинаа тогашниот претседателот Борис Трајковски и членови на државната делегација.

Кои му се перформансите

Според перформансите, станува збор за бизнис авион со долет на средни линии.

Од Скопје или Охрид може да лета низ Европа и до Блискиот Исток, но не и на прекуокеански летови.

Има долет до 4.500 километри.

Може да развие поголеми брзини од редовните авио-превозници.

Капацитет

Има седум седишта.

Екипажот кој го управува се состои од двајца пилоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу со владиниот авион летала Сиљановска Давкова, а од министрите Николоски

Семејството на Мицкоски никогаш не патувало со владиниот авион, тврдат од Владата

Мицкоски четири пати го користел владиниот авион, детално објасни каде летал и зошто

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести