Премиерот Христијан Мицкоски е во фокусот на јавноста по објавувањето на информациите колку пати функционерите го користеле владиниот авион.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмногу со владиниот авион летала Сиљановска Давкова, а од министрите Николоски
Истиот го користел четири пати.
Првпат го користел за лет од Будимпешта, Унгарија, каде имал средба со неговиот унгарски колега, Виктор Орбан.
Со комерцијален лет стигнал до Виена, Австрија, а бидејќи екипажот на државниот авион имал приватни обврски не го искористил за лет до Будимпешта, но го искористил за враќање назад од главниот град на Унгарија, бидејќи, како што рече, имал итни состаноци во Скопје.
Вториот пат го искористил за лет до и назад од Белград, Србија, каде бил на покана на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.
Трет пат го искористил лани летото за да се врати од одмор од Сплит, Хрватска, бидејќи го пропуштил летот на авиокомпанијата „Кроација ерлајнс“, а следниот ден имал неодложни обврски во Скопје.
Во Хрватска бил на одмор на покана на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, со кој имал работна вечера.
Последен пат летал со авионот за Тирана, Албанија.
Фото: Влада














