Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка

На предлог на гувернерот на Народната банка Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години.

Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците и деловното банкарство.

Во текот на својата кариера има извршувано повеќе раководни функции во Прокредит банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје, каде што од 2023 година ја извршувала функцијата регионален директор за Северозападниот Регион.

Нејзиното професионално искуство опфаќа и области поврзани со регулативната и супервизорската рамка, управувањето со ризиците и корпоративното управување, како и учество во повеќе органи и комитети во рамките на банкарските институции.

Фото: Народна банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести