Македонската претседателка Горданa Сиљановска Давкова која во периодот од јуни 2024 до декември 2025 година најмногу летала со владиниот авион, смета дека државата треба да наби нов, поголем и побезбеден, и дека неговото користење е поевтино од комерцијален лет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмногу со владиниот авион летала Сиљановска Давкова, а од министрите Николоски
-Владиното авионче, моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, бидејќи е најмалo и најстарo.
Јас можам да кажам за мене, употребата на владиното авионче понекогаш овозможува функционално извршување на државна работа, а е и поевтино од користењето на комерцијален лет.
Па, сега не е многу пријатно и самата кажувам дека секогаш имам дилема кога немам друг избор, бидејќи знам дека е старо 25 години, а е купено на старo, рече таа денеска меѓу друго одговарајќи на новинарско прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејството на Мицкоски никогаш не патувало со владиниот авион, тврдат од Владата
Мицкоски четири пати го користел владиниот авион, детално објасни каде летал и зошто
Фото: Кабинет на претседателката













