Денеска во македонското Собрание по скратена постапка беа усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со кои рокот за легализација на дивоградбите се поместува за уште пет години.
За измените „за“ гласаа 67 пратеници, а “против“ беа пет.
Со истите рокот за легализација на дивоградбите од март 2026 се поместува до март 2031 година.
До тој рок ќе може да се легализираат објектите, за кои граѓаните веќе поднеле документација за легализација, а биле изградени до 2011 година и сè уште чекаат институционална разрешница.













