Топ вест во светот денеска е апсењето на поранешниот британски принц Ендрју Маунтбатен Виндзор (66), брат на британскиот крал Чарлс Трети.
Оваа следи откако американското Министерство за правда неодамна објави нови документи за осудениот педофил Џефри Епстин, со кој Ендрју беше пријател.
Тој е уапсен под сомнение за злоупотреба на службена должност и моментално е во притвор, а се вршат претреси и на адреси во Беркшир и Норфолк, пренесуваат британските медиуми.
Засега не е обвинет, а во притвор ќе остане од 24 часа до четири дена, по што британските органи ќе одлучат дали ќе покренат обвинение за него.
Полицијата проверува дали тој споделувал чувствителни информации со Епстин додека бил трговски претставник на Велика Британија и дали Епстин тргувал со жена во Велика Британија за да има сексуален однос со Ендрју во Виндзор.
Поранешниот принц секогаш негираше било какво кривично дело во врска со Епстин и посочуваше дека жали за нивното пријателство.
Евентуална пресуда за злоупотреба на службена должност може да донесе максимална казна доживотен затвор.
По апсењето се огласи и кралот Чарлс Трети и порача дека кралското семејство целосно ќе соработува со властите и дека законот мора да се почитува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клинтон во џакузи: Сите нови фотографии од досието за педофилот Епстин
(Галерија/Фото) Трамп и Клинтон во друштво на педофилот Епстин: Објавени нови фотографии
Фото: американско Министерство за правда














