Извештајот од Регистарот на цени и закупнини за втората половина од 2025 година на Агенцијата за катастар на недвижности покажува дека во тој период најскапо продадениот стан е во скопски Центар – 1.379.518 илјади денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Аеродром пак е продаден стан за 1.347.308 илјади денари, а во Карпош за 1.088.279 илјади денари.
Во Центар продажната цена на недвижностите во овој период стигнала до 232.722 денари за метар квадратен, а најнизок максимум има во Чаир – 19.543 денари по метар квадратен.
Највисока просечна цена за метар квадратен е постигната во Центар – 104,3 илјади денари.
Во Карпош, просечната цена е 99,6 илјади денари за метар квадратен, во Аеродром, 88,9 илјади денари, во Кисела Вода, 83,2 илјади денари, а во Охрид, 78,1 илјади денари.
Највисоката вкупна вредност на остварена цена од направените купопродажби за овој период е постигната во Центар – 82,8 милиони евра, во Аеродром – 59,1 милиони евра, во Карпош – 57 милиони евра, а најниска во Велес – 5,6 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Странците видоа бизнис во високите цени на становите, ќе растат ли уште повеќе?
Како се движи цената на становите во Скопје?














