Да му помогнеме на малиот Максим

Максим е 11 годишно дете со попречен вид. Пред две години, со помош од добрите луѓе, се оперираше во Белград и состојбата му се подобри. Но, сега повторно има проблем, гледа дупли слики.

Поради ова, Максим тешко се снаоѓа во училиште, тешки му се и игрите со другарчињата. Сето тоа го прави потиштен и тивко се повлекува во себе.

Таткото на Максим починал од канцер и тој останал сам со својата мајка.

-Многу тага има во тие негови очиња. Сега е потребна уште една операција во Белград. Сега сме потребни да помогнеме, да се врати Максим насмеан, да продолжи со училиштето и со игрите со другарчињата. Онака како што едно дете од 11 години заслужува да го живее животот, стои во повикот на ecrowd.mk.

Средства потребни за операција и пропратни трошоци изнесуваат 120.000 денари.

Средствата од кампањата ќе бидат наменети за покривање на операцијата, како и на сродните трошоци кои произлегуваат од истата.

Како да донирате

Со картичка: Донирајте онлајн преку eCrowd.mk, со клик на копчето „Поддржи ја кампањата“.

Износот може да биде од 100 до 6.000 денари дневно.

Со банкарска уплата: За поголеми износи од 6.000 денари, донирајте директно на сметката на Фондацијата ИКРАУД: Жиро сметка: 270078016610134 Цел на уплата: за Максим Шифра: 562/донации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести