За лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пресудата на Судот во Хаг за поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весели, кој ги осуди за воени злосторства, е неправедна и длабоко разочарувачка.
Тој во објава на Фејсбук меѓу друго повика на воздржаност и единство во овие “тешки моменти“, за да не се нарушел угледот на ОВК и да не дошло до тензии и поделби.
Ахмети вели и дека процесот не завршувал овде, дека верува во правда и дека „битката“ ќе продолжела со жалбената постапка.
Вели и дека борбата на ОВК била борба за слобода, дека историјата на Косово не може да се препишува, и дека жртвата на еден цел народ не може да биде изведена на обвинителна клупа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Насилство во Хаг по осудувањето на Тачи, Красниќи, Селими и Весели
Судот во Хаг го осуди Хашим Тачи на 25 години затвор
Фото: Ахмети/Фејсбук














