Судот во Хаг го осуди Хашим Тачи на 25 години затвор

Специјализираниот совет во Хаг во Холандија, денеска го осуди за виновен за воени злосторства поранешниот командант на Ослободителна војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи (58).

Тој доби затворска казна од 25 години.

За поранешниот претседател на Косово, Судот утврдил дека е кривично одговорен за злосторства, вклучувајќи убиства, тортура, сурово постапување и незаконско лишување од слобода, извршени додека бил врховен командант на ОВК за време на војната во Косово во 1998 и 1999 година.

Судот го прогласи за виновен и за убиствата на 96 политички противници и поединци за кои се сметало дека соработувале со српските безбедносни сили – извршени од силите на ОВК за време на конфликтот.

Тачи пак ги негираше сите обвиненија.

Покрај него, Судот ги осуди на повеќегодишни затворски казни и останатите тројца поранешни водачи на ОВК – Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весели.

И тие се прогласени за виновни за воени злосторства извршени за време на војната во Косово.

Красниќи доби затворска казна од 25 години, Весели од 18 години, а Селими од 13 години.

Според Судот, нивната одговорност е индивидуална, но утврдил дека дејствувале заедно и постигнале договор за заедничка криминална цел – основале притворски установи, им доделувале улоги и позиции на други лица за да ја постигнат таа цел и обезбедиле целосна неказнивост за сторителите на злосторствата.

Сите се прогласени за виновни за воени злосторства поврзани со незаконско приведување, сурово постапување, тортура и убивање.

И тие сметаат дека не се виновни.

Тие имаат право на жалба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Ахмети пресудата за Тачи, Красниќи, Селими и Весели е неправедна и длабоко разочарувачка

(Видео) Насилство во Хаг по осудувањето на Тачи, Красниќи, Селими и Весели

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести