31-годишен скопјанец кој се водел за исчезнат пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Маж на возраст од 31 година кој од 14. септември од страна на неговиот татко, З.С. (68), бил пријавен за исчезнат, синоќа околу 22 часот е пронајден починат во водите на Охридското Езеро.

Се работи за Б.С. од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, тој од страна на езерската полиција е пронајден во близина на автокамп, на околу 50 метри од копното.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

Препознавањето го извршил член на неговото семејство.

Неговото тело е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести