Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 5,5 денари по литар, а цената на бензините се намалува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Согласно одлуката, највисоката малопродажна цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 99 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ќе се продава за 101, а дизелот за 104,5 денари за литар.
Екстра лесното масло за горење (ЕЛ1) поевтинува за 7 денари за литар и ќе се продава за 102,5 денари, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 денари по килограм и ќе изнесува 50,078 денари.
Фото/Unsplash













