Која е Татјана Бошков, која е избрана за претседател на НО на М-НАВ

Татјана Бошков е новиот претседател на Надзорниот одбор (НО) на акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација – М-НАВ АД Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татјана Бошков избрана за претседател на НО на М-НАВ

Која е Бошков

Проф. д-р Бошков е редовна професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Нејзиниот научен и професионален фокус опфаќа макроекономска политика, меѓународни финансии и одржливи економски модели.

Таа е и поранешна деканка со два последователни мандата на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Во моментот ја врши и функцијата заменик-претседателка на Советот за туризам при Министерството за култура и туризам и е ангажирана како експертка во процесот на изработка на новата Национална стратегија за развој на туризмот на Македонија за перидот од 2027 до 2032 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Горан Јандреоски, кој не е повеќе член на НО на М-НАВ

Горан Јандреоски не е повеќе во НО на М-НАВ, за нов член избрана Снежана Филиповска-Павлеска

Кој е Милан Кораќ, кој е именуван за нов извршен директор во М-НАВ

Фото: Универзитет „Гоце Делчев“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести