Судењето против Груби почнува на 24. август

Судењето во кое еден од обвинетите е и поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, за злоупотреби во Државна лотарија ќе стартува на 24. август, информираа денеска од Кривичниот суд.

Обвинети во случајот се и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој се уште е во бегство, генералниот секретар на поранешната Влада, Методија Димовски, сопственикот на „Ритрон копи“, Артан Ајрули, и четворица од Комисијата за јавни набавки на Државна лотарија.

Предметот е распределен кај судијата Билјана Шуплиновска – Јовевски.

На Груби денеска му беше продолжен куќниот притвор, во кој е веќе шест месеци. Мерката може да продолжи максимум уште два месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно обвинение за Груби за злоупотреби во Државна лотарија, останува во куќен притвор

Каков имот пријавил Артан Груби

Колку полицајци го чуваат Артан Груби

Фото: Фејсбук/Груби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести