Директорот на Алсат-М, Лирим Хајредини, најден мртов

Оперативниот директор на телевизијата Алсат-М, Лирим Хајредини, денеска утринава е пронајден мртов.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, неговото тело било пронајдено пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, каде се наоѓа и седиштето на телевизијата.

Како што велат од таму на неговото тело имало повреди, поради кои починал.

Нема конкретни информации од полицијата за какви повреди се работи.

Хајредини беше 16 години на функцијата во телевизијата.

Фото: Фејсбук/Хајредини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести