Категорија: јули 9, 2025

Пронајдено починато лице во Лозаново, каде има пожар

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска од страна на полициски службеници од ОВР Крива Паланка во близина на пожарот во населбата Лозаново, кривопаланечко, било пронајдено починато лице. Засега не се познати причините за смртта и идентитетот на лицето. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Три пожари кај Крива Паланка, во опасност

Прочитај повеќе

(Видео) Приведен сопственикот на отпадот за старо железо во Визбегово, каде изби пожар

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека денеска бил приведен сопственикот на отпадот за старо железо во Визбегово, каде изби пожар, А.Н.. Тој е приведен поради непочитување наредба од службено лице. Од МВР информираат и дека има и едно повредено лице. Во отпадот за старо железо гореле хаварисани возила,

Прочитај повеќе

(Видео) Факт е дека Бугарија работеше против нас, кажа Мицкоски за изгласувањето на Извештајот на ЕП за Македонија

Овој ден како и многу други остануваме горди и со крената глава. Македонија е блокирана на европскиот пат од Бугарија. Но, таа блокада не почна денеска, ниту ќе заврши денеска. Таа почна во 1991 година, се случи еден гест од Бугарија на посебноста на една држава, но не се признава

Прочитај повеќе

Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп денеска го лансира IQOS ILUMA i во Северна Македонија: Започнува новата ера на иновации без чад

Филип Морис Тутунски комбинат Прилип (ФМТКП) гордо го најавува лансирањето на IQOS ILUMA i во Северна Македонија – најновиот и најнапредниот уред во своето растечко портфолио на производи без чад, дизајниран исклучиво за полнолетни пушачи, кои инаку би продолжиле да користат цигари. Почнувајќи од денеска, возрасните корисници на никотин во

Прочитај повеќе

Гасниот интерконектор со Грција е стратешки проект за енергетска сигурност, пониски цени и регионална интеграција

Со симболичен чин на потпишување на гасоводните цевки од страна на претставници на Владата, меѓународните партнери и институциите вклучени во реализацијата, беше означен почетокот на изградбата на гасниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција – стратешки енергетски проект со кој земјата добива нов правец во обезбедувањето на сигурно, стабилно, диверзифицирано

Прочитај повеќе

Пожарот повторно се разгоре: Затворени граничниот премин Блаце и патниот правец Скопје-ГП Блаце

Денеска повторно гори во околината на Блаце, а силниот ветер не дозволува истиот да биде локализиран. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека поради пожарот целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Кој подметна пожар

Прочитај повеќе

Бугарски европратеници го искористија Извештајот на ЕП за Македонија за домашни цели, кажа Вајц по неговото изгласување

Во Европскиот парламент денеска беше изгласан Извештајот за напредокот на Македонија за 2023 и 2024 година, подготвен од специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник, Томас Вајц. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонскиот јазик и идентитет избришани: Изгласан Извештајот на ЕП за Македонија Од истиот се избришани македонскиот јазик и идентитет, кои во првичната

Прочитај повеќе

(Видео) Три пожари кај Крива Паланка, во опасност домовите во Лозаново

Кај Крива Паланка денеска во населбата Лозаново и селото Градец денеска избувнаа три шумски пожари, кои поради силниот ветар се шират кон населени делови. За пожарите реагираше и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој предупреди дека истите се шират со голема брзина и претставуваат закана за домовите. Тој

Прочитај повеќе

Македонскиот јазик и идентитет избришани: Изгласан Извештајот на ЕП за Македонија

Како и што се очекуваше Извештајот за напредокот на Македонија на специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц, за 2023 и 2024 година, денеска беше изгласан во Европскиот парламент без спомнување на референците македонски јазик и идентитет, кои во првичната верзија на истиот ги имаше на неколку места. За

Прочитај повеќе

(Видео) Целото обраќање на словенечката европратеничка Ирена Јовева за македонскиот идентитет во Европскиот парламент

Европратениците денеска во Европскиот парламент треба да гласааат за Предлог-извештајот за напредокот на Македонија на специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник, Томас Вајц. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков Извештај за Македонија ќе изгласа денеска Европскиот парламент Расправата започна вчера, а топ тема на истата е македонскиот идентитет и јазик и дали истите

Прочитај повеќе

Малолетничка силувана и уценувана-земала пари од дома и позајмувала, за да му исплати на уценувачот: Детали од Обвинителство за случајот во Липковско

Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за 2 лица за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 2 во врска со став 1, а едниот од нив е осомничен и за кривично дело – Уцена согласно став 259 од

Прочитај повеќе

Можен прекин на сообраќањето на дел од автобусите на ЈСП, поради најавениот снег и минусни температури

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека поради ниските минусни температури и најавените временски услови со можни врнежи од снег во главниот град и околината, во наредниот период можно е привремено прилагодување на сообраќањето на одредени автобуски линии. „Имајќи предвид дека ефектот на средствата за одржување на патиштата е ограничен при

Прочитај повеќе

Утре стартува ски-сезоната на Попова Шапка

Утре стартува ски-сезоната на Попова Шапка, информираат од ски-центарот. „Снегот е подготвен, патеките ве очекуваат и адреналинот започнува. Ски-лифтовите ќе бидат во функција од 08:45 до 15:00 часот. Сите оние кои сè уште не го земале сезонски билети, ќе можат да ги земат директно на билетарата на Попова Шапка,“ велат

Прочитај повеќе

Возел во спротивен правец без прилагодена брзина, без возачка дозвола-детали од Обвинителство за 18-годишникот кој ја усмрти жената на „Народен фронт“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од

Прочитај повеќе

Патиштата се проодни, снегот редовно се чисти-уверува Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски направи увид на превоите Стража и Пресека и уверува дека сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од „Македонија пат“ „Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат сè од себе да се справат со

Прочитај повеќе

18-годишник ја усмртил жената на „Народен фронт“, со татко му избегал од државата: Детали од МВР

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје околу 11:30 часот, во која патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (18) од Скопје, удри во Љ.Ј. (79) од Скопје, која почина од здобиените повреди,

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести