Категорија: ноември 2, 2025

Обвинителство: Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес

Привремената Комисија на Основното јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи,

Прочитај повеќе

ДИК: Излезноста до 18:30 – 40,45%

Излезноста до 18:30 часот на денешниот втор круг од локалните избори е 40,45%, информираа од Државната изборна комисија (ДИК). Од вкупно 1.013.357 избирачи кои имаат право на глас, гласале 399.319 граѓани. Во Општина Сарај има најмала излезност од 11,45%, а најголема во Росоман, 77,51%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ДИК: Излезноста до 17

Прочитај повеќе

53-годишен маж од Богданци почина по тепачка во Дојран

Маж на возраст од 53 години вчера починал во болница во Гевгелија откако се здобил со тешки телесни повреди по тепачка во Стар Дојран. Станува збор за Н.Т. од Богданци, а како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), за инцидентот е уапсен 55-годишниот В.Р. од дојранското село Сретеново.

Прочитај повеќе

ДИК: Излезноста до 17 часот – 34,62%

Излезноста на денешниот втор круг од локалните избори до 17 часот е 34,62%, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Најголема излезеност има во Општина Конче, 64,44%, а најмала во Општина Сарај, 8,77%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ДИК: Излезноста до 15 часот – 27,19% ДИК: Излезноста до 13 часот – 18,03% ДИК: Излезноста до

Прочитај повеќе

ДИК одзеде акредитациите на осум домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) денеска донесе одлука за одземање на акредитациите на осум домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и на Кодексот за набљудување. Станува збор за домашни наљудувачи во Општина Шуто Оризари, за кои во текот на денот ДИК добила пријава за злоупотреба на беџовите за домашни

Прочитај повеќе

ДИК: Излезноста до 15 часот – 27,19%

До 15 часот излезноста на денешниот втор круг од локалните избори е 27,19%, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Најголема излезност има во Општина Крушево, 50,22%, а најмала во Општина Сарај, 6%. Денеска се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ДИК: Излезноста до 13

Прочитај повеќе

Fashion Weekend Skopje 31: Ден на младите визии, текстилните метаморфози и урбаната елеганција

Под слоганот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики во македонската модна сцена“, четвртиот ден од Fashion Weekend Skopje 31 powered by UniBank и поддржан од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес, го претвори просторот на Diamond of Skopje, Carat Office во јадро

Прочитај повеќе

Моден викенд Скопје 31: Телото, носталгијата и љубовта – моден триптих на свеста и естетиката

По деновите посветени на разговори за одржливост и традиција, третиот ден на Fashion Weekend Skopje powered by UniBank, во просторот на Diamond of Skopje – Carat Office, го отвори своето највозбудливо поглавје – ден на идеи, панели и ревии што го дефинираат идниот правец на македонската модна сцена. Дневната програма започна

Прочитај повеќе

Мажи на возраст од 46 и 63 години загинаа во две несреќи во струмичко

Маж на возраст од 46 години загинал вчера откако со автомбил “пежо„ се превртел на коловозот на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано Слобода, кај клучката за селата Добрашинци и Нова Маала. Станува збор за К.В. од струмичкото село Сушево, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР)

Прочитај повеќе

ДИК: Излезноста до 13 часот – 18,03%

Излезноста на денешниот втор круг од локалните избори до 13 часот е 18,03%, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Најголема е излезноста во Општина Пробиштип, 36,66%, а најмала во Општина Сарај 3,58%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ДИК: Излезноста до 11 часот – 10,10% ДИК: Излезноста до 9 часот 2,88%, отворени се сите избирачки

Прочитај повеќе

Управител на фирма нудел 50 илјади евра поткуп за пари од ИПАРД: Поднесено обвинение за него и четворица службеници

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице обвинето дека сторило кривично дело Давање поткуп и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание, три лица кои сториле

Прочитај повеќе

Никој не ги упатувал гостите како да ја напуштат “Пулс“ откако настанал пожарот, кажа сведокот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, сведочеше Петар Марковски (25), еден од повредените, кој се лекуваше во Словенија поради изгорени дишни патишта. Тој во судницата во Идризово сподели информации, кои веќе се познати. Кажа дека пожарот настанал од пиротехниката и раскажа дека истиот се ширел

Прочитај повеќе

Мозоци од Македонија се испраќале во САД за научни цели, потврди за 360 степени, Алексеј Дума

Поранешниот директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, Алексеј Дума за 360 степени потврди дека од Македонија во САД се испраќале мозоци на починати лица кои боледувале од шизофренија или се самоубиле, за научни истражувања. Како што вели тој проектот се реализирал во периодот меѓу 1990-тите и 2000-тите години.

Прочитај повеќе

(Видео) Регионалниот хит „Свадба“ од 5.февруари во киното „Синеплекс“

Регионалната хит комедија “Свадба“ на Игор Шереги по премиерите во Хрватска и Србија, пристигнува и во Македонија. Филмот од 5. февруари ќе се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје. Станува збор за приказна за две семејства, едното од Хрватска, другото од Србија, и нивните деца кои ќе решат да стапат

Прочитај повеќе

Се зголемува цената на дизелот

Од вечерва на полноќ за половина денар се зголемува цената на Еуродизелот БС (Д-Е V), соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со новата одлука цената на дизелот ќе биде 68 денари за литар. Цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98

Прочитај повеќе

Влатко Сулев за Саемот за Агро-Екотуризам како инспирација: Туризмот почнува од секој од нас

Овој викенд во срцето на Скопје, во креативниот простор Public Room, се одржа настан што ме потсети зошто вреди да се верува во автентичниот туризам. Саемот за Агро-Екотуризам собра на едно место локални производители, туристички ентузијасти, бизниси и посетители – сите обединети околу една идеја: да се покаже вистинската душа

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести