Категорија: Бизнис

Договор од 496,8 илјади евра склучи МОН со „Хилдин комерц“

Министерството за образование и наука (МОН) склучи договор за довршување на доградбата на училишниот објект во ООУ „Ацо Шопов“ во скопската општина Бутел со друштвото за градежништво, проектирање, производство, трговија и услуги Хилдин комерц ДООЕЛ експорт-импорт Тетово. Договорот е во вредност од 30.557.623 денари или 496.872 евра.

Прочитај повеќе

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јули

Македонската берза го објави билтенот за јули кој покажува дека најголем пораст на цената имала акцијата на Теал-Алумина АД Тетово, а најголем пад акцијата на Тетекс АД Тетово. Еве кои се другите акции со најголем раст и пад: ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Пад на прометот и трансакциите на Македонската берза во јули

Прочитај повеќе

Пад на прометот и трансакциите на Македонската берза во јули

Македонската берза го објави билтенот за јули, кој покажува пад на прометот за 61,82% и пад на бројот на трансакции за 27,72%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јули Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална, НЛБ Банка и Алкалоид, најтргуваните во јули

Прочитај повеќе

Милан Кораќ нов извршен директор во М-НАВ

Милан Кораќ е именуван за нов извршен директор за воздухопловна техника во акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација – М-НАВ Скопје. Тој доаѓа на местото на Климент Чепуњоски. Кораќ е дипломиран инженер по електротехника. Фото: М-НАВ

Прочитај повеќе

И УНИ Банка со намалени надоместоци за физички и правни лица

Од УНИ Банка АД Скопје информираа дека Банката извршила измена во тарифите на меѓународните плаќања преку Единствената област за плаќање во евра за физички и правни лица (СЕПА), а истовремено ги намалила и надоместоците за користење на услугите во МИПС, за физичките и за правните лица. Кај правните лица повеќекратно

Прочитај повеќе

МПЦ-ОА oснова уште една фирма за бизнис со струја, објави Призма

Призма објави дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) основала заедничка фирма за производство на енергија од обновливи извори со австралиската компанија „Пела глобал лимитед“. Станува збор за фирмата „Константин енерџи“. Во 2020 година МПЦ-ОА пак заедно со три физички лица и друштвото „Мелничко-пекарска индустрија Жито Караорман“, ја основаа

Прочитај повеќе

Договор од над 1 милион евра склучи МВР со „Интек систем“

Министерството за внатрешни работи склучи договор за набавка на лиценци за IBM со друштвото за компјутерски услуги Интек систем ДОО Скопје. Договорот е во вредност од 63.720.000 денари или 1.036.098 евра.

Прочитај повеќе

Детален преглед: Како работеле компаниите кои котираат на Македонската берза во првото полугодие

Македонската берза објави преглед како работеле друштвата кои котираат на Берзата во првото полугодие годинава. Истиот покажува дека 62 работеле со добивка, а 23 со загуби. Во истиот период лани 66 друштва работеле со добивка, а 21 со загуба. Детален преглед како работеле сите, ОВДЕ.

Прочитај повеќе

Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална, НЛБ Банка и Алкалоид, најтргуваните во јули

Македонската берза го објави билтенот за јули, кој покажува дека најтргувани акции за тој период се акциите на Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Алкалоид АД Скопје. Со акцијата на Комерцијална е остварен промет од 128,9 милиони денари, со акцијата на НЛБ Банка, 55,4 милиони денари и

Прочитај повеќе

Јавна опомена од Македонската берза за 3 друштвa

На друштвата Фабрика Карпош АД Скопје и Кристал 1923 АД Велес, котирани на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на ревидирани финансиски извештаи за 2024 година заедно со годишниот извештај за работењето за 2024 година, усвоени

Прочитај повеќе

Синот на газдата на „Пулс“ сакал да се самоубие, во пожарот ја изгубил девојката и пријател, кажа неговата одбрана

Одбраната на третобвинетиот за трагедијата во Кочани, Михаил Јованов, кој е син на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, газда на т.н. дискотека „Пулс“, на денешното рочиште меѓудругото посочи дека тој бил обвинет само заради тоа што е син на Јованов. Според неговата адвокатка Ивана Коцевска, тој имал своја фирма „Карго

Прочитај повеќе

Илија Панов осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана Серенакова

Илија Панов (43) од Кавадарци од страна на Основниот суд Кавадарци е осуден на 16 години затвор за убиство со умисла на неговата вонбрачна партнерка Сузана Серенакова (52), исто така од Кавадарци, во јануари годинава. Тој останува во притвор до правосилноста на пресудата, за која има право на жалба пред

Прочитај повеќе

Заедно за одржлива иднина: ОКТА трета година донира соларни централи – повеќе енергија, помалку трошоци, почиста околина

Водејќи се од својата долгорочна определба кон одржливи решенија и унапредување на квалитетот на живот во заедницата, ОКТА реализираше нова донација во областа на обновливите извори на енергија, информираат од таму. На покривот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Општина Аеродром денеска беше пуштена во употреба фотоволтаична централа со вкупен

Прочитај повеќе

ДНК и институциите биле виновни за пожарот во „Пулс“, кажа одбраната на газдата на т.н. дискотека

Групата ДНК и надлежните институции биле виновни за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, рече на денешното рочиште адвокатката на обвинетиот Дејан Јованов-Деко, сопственикот на “Пулс“, Ивана Коцевска. Таа во своето излагање рече дека тој не бил монструм, а бидејќи не бил стручно лице, неможел да биде свесен за пропустите

Прочитај повеќе

Зимски „МакеДокс“ на „Синедејс“

Фестивалот на креативен документарен филм со настанот „Зимски МакеДокс“ ќе гостува во програмата на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, што од 3 до 10. декември ќе се одржи во МКЦ и во Кинотеката. Од 5 до 7. декември, во рамки на програмата на 24. „Синедејс“, ќе биде прикажан избор на

Прочитај повеќе

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2025/2026

Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, информираа од таму. Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести