
Прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк и за ТВ 24 Вести и ТВ Вистел
Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од локалните избори, а врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница одлучи да поведе прекршочни постапки и против ТВ 24 и ТВ Вистел, информираа од таму.




























