Утре е можно да има редуциран број на автобуси на ЈСП

Утре е можно да има редуцирани автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје поради прекин на испораката на природен гас кон Македонија од страна на НОМАГАС АД Скопје. „На 17. октомври можно е да има отстапувања од возниот ред. Доколку има промени во времетраењето на прекинот, граѓаните ќе бидат навремено

Прочитај повеќе

(Видео) Најубавите песни кои ја одбележаа кариерата на Тоше: 18 години непребол и живот низ музиката

Денеска е 18-годишнината од смртта на нашиот Тоше Проески, чиј што глас го освои Балканот. На 16. октомври 2007 година ретко кој можеше да поверува во веста: Тоше загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Тоше се уште има фанови од цел Балкан кои не ги забораваат неговите песни,

Прочитај повеќе

Сиљановска-Давкова чека креативно решение од ЕУ за деблокада на европскиот пат, на средбата со Фон дер Лајен, изразила и спремност за македонско-бугарски разговори по локалните избори

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова на вчерашната средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која беше во неколку часовна посета на Македонија, во рамки на кратката турнеја по земјите од Западен Балкан, побарала помош од Европската унија (ЕУ) во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на

Прочитај повеќе

„Булмак 2016“ уплати 58.231.096 денари за концесиски надоместоци, покажува пресекот по третиот квартал

„Булмак 2016“, компанијата што ги управува рудниците „Злетово“ и „Тораница“, ја информира јавноста дека во првите девет месеци од 2025 година плати вкупно 58.231.096 денари концесиски надоместоци. Согласно законската распределба од нив 22% се слеваат во државниот буџет, односно 12.810.841 денари и останатите 78% или 45.420.255 денари се слеваат во

Прочитај повеќе

Црвенковски не е во ЗНАМ, вели претседателот на партијата Димитриевски

За фотографијата на поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој е и поранешен премиер и претседател на Македонија, на која е во друштво со носителката на листата за советници на владејачката ЗНАМ во Охрид, Марина Ѓоргоска, коментираше и претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, актуелен градоначалник на Општина Куманово, кој е

Прочитај повеќе

Топ 10 винарници според добивка и приходи лани: Анализа на „Пари“

Анализата на порталот Пари, направена во соработка со Бизнис Мрежа, покажува дека 10. винарници во Македонија лани оствариле вкупен приход од 93 милиони евра и добивка од 7,1 милион евра. На врвот според приходи е винарската визба Тиквеш АД Кавадарци, со 60,5 милиони евра. И според добивка на прво место е Тиквеш со 4,4 милиони евра.

Прочитај повеќе

На 8. ноември Трибјут Фест во МКЦ Скопје

На 8. ноември, во култниот простор на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, ќе се одржи издание на Трибјут Фест, настан кој ветува да стане традиција на македонската музичка сцена. Фестивалот е посветен на живите изведби и автентичната енергија на најголемите светски рок и поп бендови, пренесена преку внимателно одбрани

Прочитај повеќе

Пред избори „бомби“ за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

На неколку денови пред завршувањето на изборната кампања за првиот круг од локалните избори, која завршува утре, вчера на Фејсбук профилот на Ел Чека или Шеќерим Ахмеди, кој пред неколку години објавуваше „бомби“ за функционери на ДУИ, беа објавени нови. Во описот за аудио снимките се тврди дека се слуша

Прочитај повеќе

Единствениот чекор за старт на преговорите е да ги направите уставните измени, порача Фон дер Лајен по посетата на Македонија

Вчера во неколку часовна посета на Македонија беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која по средбите со државниот врв не даде изјава, како и што беше најавено, но за истите се огласи на социјалната мрежа Х. Таа не порача ништо ново, како и што се очекуваше. Повтори

Прочитај повеќе

За што разговарале Мицкоски и Фон дер Лајен

Вчера попладне во неколку часовна посета на Македонија беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во Скопје ја заврши кратката посета на земјите од Западен Балкан. Таа во Македонија за разлика од другите земји кои ги посети не даде изјава, како и што беше најавено, а имаше

Прочитај повеќе

Безбедноста и здравјето при работа – инвестиција во луѓето и економијата: Започна проектот „Кон безбедна и здрава работна средина“

Намалување на бројот на повреди и заболувања на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на системот за инспекција на трудот, воспоставување национален информациски систем за безбедност и здравје при работа и унапредување на националните капацитети за управување и обезбедување услуги во оваа област, е клучната цел

Прочитај повеќе

15 обвинители ќе го застапуваат предметот за трагедијата во Кочани

Судскиот процес за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 63, а беа повредени 202 лица започнува на 19. ноември, а предметот ќе го застапуваат најверојатно 15 јавни обвинители, информираше денеска републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. „Во судница ќе го застапуваат обвинението истите обвинители што беа и досега,

Прочитај повеќе

Меѓународна конференција за образование во затворите: Затворската едукација има големи придобивки за поединецот и за општеството

Унапредувањето на образованието во казнено-поправните установи доведува до позитивни промени и надвор од нивните ѕидови. Затоа инвестирањето во овој вид образование е одржливо и има големи придобивки за поединецот, но и за целото општество, истакнаа денеска организаторите на меѓународната тренинг-конференција посветена на едукацијата на лицата во затворите „Трансформирање на животите

Прочитај повеќе

Обвинение за полициските службеници за трагедијата во Кочани наредниот месец, за службениците од УЈП се уште трае предистрагата

Второ обвинение за трагедијата во т.н. дискотека во Кочани, во која загинаа 63, а беа повредени 202 лица, најверојатно ќе има на почетокот на декември, посочи денеска републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Се работи за истрагата во која се осомничени полициски службеници, а како што објасни Коцевски, истата требало да

Прочитај повеќе

Во месецот на машкото здравје dm drogerie markt во соработка со болницата Д.мед Медикал донира ваучери за бесплатни прегледи

Во духот на Movember, месецот за подигнување на свеста за грижа за машкото здравје, и како дел од својата општествено одговорна мисија, компанијата dm drogerie markt донира ваучери за реализирање на два типа на медицински прегледи во соработка со приватната болница Д.Мед Медикал , дел од германската групација D.med Healthcare.

Прочитај повеќе

Wolt+ стартува и во Македонија: „Нула денари достава“ со месечна претплата

Wolt ја активира претплатничката услуга Wolt+ во Македонија, наменета за корисници кои нарачуваат храна, намирници и производи од локалните продавници присутни на платформата. Со Wolt+, сите нарачки од партнерите обележани со W+ во апликацијата се испорачуваат со нула денари надомест за достава. Месечната претплата изнесува 199 денари, со можност за

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести