Договор од 651,2 илјади евра склучи Општина Ѓорче Петров со “Пирамид билдинг солушнс“

Општина Ѓорче Петров склучи договор за реконтрукција на улици во Волково, Ново Село и Кисела Јабука, со друштвото за трговија, производство и проектирање Пирамид билдинг солушнс ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Договорот е во вредност од 40.053.369 денари или 651.274 евра.

Прочитај повеќе

Обвинение за инцидентот на фудбалскиот меч во Штип, се бара продолжување на притворот за таткото на играчот од „Шкупи“

Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинение за таткото на играчот од фудбалскиот клуб (ФК) “Шкупи“, кој на натпреварот со ФК „Брегалница“ во Штип во рамки на Републичкото пионерско коло, натепа двајца играчи на возраст од 15 години на “Брегалница“. Тој е обвинет за насилство, а Обвинителството бара и продолжување на

Прочитај повеќе

Почнуваат подготовки за третата фаза од пругата кон Бугарија, дел од Коридорот 8

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека почнуваат подготовки за третата фаза од изградбата на железничката пруга од Коридорот 8, на делницата од Куманово до Бугарија. Кажа дека се надминати сите пречки коишто во минатото го кочеле процесот, а била постигната и согласност со Бугарија. Македонија ќе добие техничка поддршка од

Прочитај повеќе

АНБ пред еден месец во Обвинителството пријавила незаконско и непрофесионално постапување на поранешен директор и група вработени

Пред еден месец Агенцијата за национална безбедност (АНБ) до Основното јавно обвинителство доставила три известувања за поранешен директор и група вработени во Агенцијата, поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување, велат од АНБ. До оваа констатација во Агенцијата дошле по внатрешна истрага направена по смената на власта, а истата

Прочитај повеќе

Доделени наградите во рамките на 16. издание на „МакеДокс“

Синоќа заврши 16. издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што се одржа од 21 до 28. август во Куршумли ан, плато пред Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје со мото „Кому му е гајле за реалноста?“. Традиционално на „МакеДокс“ се доделуваат пет награди, „Кромид“,

Прочитај повеќе

Двајца се во тешка состојба: Тројца од повредените во пожарот во Кочани се уште се на болничко лекување

Директорот на Фондот за здравство осигурување, Сашо Клековски, денеска информираше дека тројца од вкупно 203. повредени во пожарот во т.н. дискотека во Кочани се уште се на болничко лекување. Двајца од нив се во тешка, но не критична состојба. Еден пациент се лекува во Истанбул, Турција, а други двајца во

Прочитај повеќе

Нови телефонски измами ја таргетираат крипто-заедницата

Измамниците постојано наоѓаат нови начини да се доближат до крипто-корисниците, а во последниве неколку недели ширум светот зачестија телефонски повици во кои непознати лица се претставуваат како вработени во Binance, најголемата светска платформа за криптовалути. Целта е јасна – да се убедат корисниците да направат измени во своите API-поставки, што

Прочитај повеќе

Просечната камата на кредитите во јули 4,91%

Податоците на Народната банка покажуваат годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,28 п.п., при што во јули таа изнесува 2,21%. Просечната каматна стапка пак на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,55 п.п. и изнесува 4,91%. Повеќе детали ОВДЕ.

Прочитај повеќе

Караванот „Македонијо, во срце те носиме“ ја продолжува својата мисија кон Делчево

По првиот концерт одржан под ѕвезденото небо на Охрид караванот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да ја шири својата музичка мисија, овојпат кон истокот на Македонија, во Делчево, информираат организаторите. „Во недела, на 31. август, со почеток од 20 часот делчевци и сите љубители на македонската песна ќе имаат чест да бидат дел од едно големо музичко доживување, кое

Прочитај повеќе

Нема активни пожари, четири се под контрола

Денеска нема активни пожари, а под контрола со четири, информираа од Центарот за управување со кризи. Под контрола се пожарите во општините Македонски Брод, на планината Кожуф, како и два во Општина Желино. Фото: АРМ

Прочитај повеќе

Во кои 33 општини ќе има втор круг?

На вчерашниот прв круг од локалните избори не се избра градоначалници во 33 општини низ Македонија. Втор круг, кој ќе се одржи на 2. ноември ќе има во општините: скопски Аеродром, Брвеница, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, скопски Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино,

Прочитај повеќе

Во кои скопски општини ќе има втор круг

На 2. ноември втор круг од локалните избори ќе има во четири скопски општини, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК): Центар, Карпош, Аеродром и Шуто Оризари. Вчера во првиот круг беа избрани градоначалници на скопските општини: Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и Чаир. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Изет

Прочитај повеќе

Голема хуманитарна прослава за вториот роденден на Diamond Mall

Diamond Mall ја започна својата роденденска прослава со повик до граѓаните на заедничка хумана мисија, посветена на грижа за напуштените животни и поттикнување на нивно вдомување, информираат од таму. Наместо класична прослава, Diamond Mall преку низа активности сака да ја подигне свесноста за грижата за бездомните животни и да ги

Прочитај повеќе

Скопјанец се обидел да го убие сопствениот брат, удирајќи го со ногарка по цело тело-па легнал да спие

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека се обидело да изврши обид за убиство на сопствениот брат, информираа од таму. Toj се сомничи за кривично дело „убиство“ предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска

Прочитај повеќе

Мишел Трајковски & Скопје Виа ја „запалија“ Будимпешта

Мишел Трајковски & Скопје Виа одржаа концерт во ОФФ Култур во Будимпешта пред многубројна унгарска публика, која беше воодушевена од нивниот два и пол часовен настап. Тие се претставија со авторски песни и обработки на македонски народни песни, ромска музика и балканска музика со кои успеаја да ги освојат срцата

Прочитај повеќе

Меџити стана градоначалник, кој ќе биде нов прв вицепремиер?

Актуелниот прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој беше кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир, на владејачката коалиција Вреди, победи уште во првиот круг и е нов градоначалник. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Изет Меџити го победи Бујар Османи уште во првиот круг Тој го победи

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести