За викендов пороен дожд и грмежи во попладневните часови

Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со умерена облачност, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно

Прочитај повеќе

Шалтерот на МВР за издавање на државјанство, ќе работи до 19 часот

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека поради зголемениот број на барања, шалтерот за издавање на „Уверение за државјанство“ во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) ќе работи во периодот од 08.00 до 19:00 часот, со цел да одговори на сите барања на граѓаните. „Дополнително, потсетуваме

Прочитај повеќе

ДЗР: ЈП Национални шуми со ниска реализација на планот за производство, зголемени долгови и намалена ликвидност

Јавното претпријатие (ЈП) за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ п.о. – Скопје во 2023 година реализирало само 66% од планираниот физички обем на производство на техничко и огревно дрво, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР). „Со акумулирани обврски во износ од 1.074.644 илјади денари, односно приближно 17,5 милиони евра

Прочитај повеќе

Дали некогаш сте нарачале храна во парк, со WOLT можете – Majestic и Steffonator направија слепа дегустација на храна

Инфлуенсерите Александра Трпеска ака majestic.at и Стефан Рашковиќ ака Steffonator уживаа во предизвикот „Погоди што јадеш без да гледаш“. Локацијата е Градскиот парк во Скопје, а појадокот го донесе курир-партнер на Wolt. „Зошто да се мачиме дома да правиме појадок, кога можеме да седнеме во парк и да си нарачаме

Прочитај повеќе

Светскиот мјузикл од Бродвеј „Mamma Mia“ на 18. октомври во Скопје

На 18. октомври 2025 година, арената „Борис Трајковски“ ќе блесне во полн сјај, претворајќи се во сцена на еден од најуспешните мјузикли во историјата – „Mamma Mia!“ Со повеќе од две децении триумф на Бродвеј, Вест Енд и на најпрестижните сцени ширум светот, „Mamma Mia“ претставува врвна комбинација на заразни

Прочитај повеќе

Денеска започнува Богородичниот пост

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа

Прочитај повеќе

(Вознемирувачко фото) Куче врзано за автомобил го влечат по асфалт во Крива Паланка

На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки фотографии од малтретирање на куче во Крива Паланка, кое е врзано за автомобил и го влечат по пат. За, случајот информираше активистката Емилија Симоновска на нејзиниот Фејсбук-профил, наведувајќи дека лицето се вика Ѕвонко. Веднаш потоа, полицијата реагирала и го нашла сторителот, против кој ќе

Прочитај повеќе

(Видео) Македонец од Струмица со двајца Срби убиен во Боливија

Српските медиуми објавија дека пред три дена во Боливија, Јужна Америка, се убиени двајца Срби и еден Македонец, кои биле дел од организирана криминална група вклучена во дистрибуција на кокаин од Јужна Америка за Европа. Според српски Курир, убиениот Македонец е 42-годишниот Дејанчо Лазаревски од Струмица, кој го викале “Македонец“.

Прочитај повеќе

„Македонија не е Грција“ – „Матица македонска“ ја објави книгата од турскиот генерал Ознал со факти за Македонија и Македонците

„Матица македонска“ ја објави книгата „Македонија не е Грција“ од Ердоѓан Ознал, генерал на Корпус во Турската армија, познат истражувач и толкувач на балканските состојби. Ова капитално дело за првпат е објавено во Анкара, во 1993 година, кога силно ја разбранува и грчката јавност, а „Матица македонска“ го објавува во превод

Прочитај повеќе

Утрово активни два пожари, се уште гори на Јасен, под контрола три

Утрово во Македонија има два активни пожари, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Се уште е активен пожарот во Општина Македонски Брод во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде гори мешана шума, а активен пожар има и во Општина Струга, во Октишка краста, каде гори ниска вегетација. Под контрола се

Прочитај повеќе

Разрешениот директор на Неврологија, Кузмановски, немал лиценца за доктор

Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, докторот Игор Кузмановски, немал лиценца за доктор од март годинава. Истата му била истечена, информираше денеска министерот за здравство, Азир Алиу. Тој имал поднесено барање за нејзино продолжување минатата недела, информираа од Лекарската комора. Неговото име не се наоѓа ни на официјалниот список на

Прочитај повеќе

Докторот Јован Божиновски нов директор на Неврологија

Нов директор на Клиниката за неврологија од денеска е докторот Јован Божиновски, информираа од Министерството за здравство. Тој доаѓа на директорското место откако докторот Игор Кузмановски, беше разрешен од функцијата поради снимка на која користи дрога. Божиновски е специјалист невролог и асистент на Mедицинскиот факултет. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Разрешениот директор на

Прочитај повеќе

Паѓаат цените на бензините и дизелот

Од вечерва на полноќ за еден денар се намалува цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а за половина денар, цената на Еуродизел (Д-Е-V), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 73 денари

Прочитај повеќе

Бојан Јовановски – Боки-13 доби пет години затвор за случајот „Меѓународен сојуз”

Бојан Јовановски – Боки-13 доби пет години затвор во повторената судска постапка за случајот „Меѓународен сојуз”. Според првостепената пресуда тој во април 2022 година доби казна од девет години. Тој од страна на Основниот кривичен суд е прогласен за виновен за кривичните дела „измама“ и „перење пари”. Јасна Ерцеговиќ пак

Прочитај повеќе

Кој има најмногу претплатници, А1 Македонија или Македонски Телеком?

Најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации, заклучно со 31. март, покажуваат дека во уделот по број на активни претплатници, А1 Македонија има најмногу, 47,69 проценти. Следат Македонски Телеком со 46,66 проценти, МТЕЛ со 3,83 проценти, Телекабел со 1,34 проценти, Мтелмобајл со 0,38 проценти и Греен Мобиле со 0,10 проценти. 

Прочитај повеќе

Од 15. октомври официјално почнува новата грејна сезона во Скопје

Од 15. октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системите за централно греење во градот Скопје, со кои управува АД ЕСМ, информираат од компанијата. Преку системите се греат околу 66.000 активни потрошувачи, од кои 65.000 домаќинства и над 1.000 деловни потрошувачи, во кои се вклучени

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести