
Американецот Роберт Превост е новиот папа Лав XIV
Поранешниот американски кардинал Роберт Френсис Превост е новиот папа Лав XIV. По изборот во Ватикан, папата се обрати пред насобраните верници, со порака за мир во светот, потенцирајќи дека Црквата треба да биде мисионерска, да гради мостови, дијалог, да има раширени раце за секого, да биде отворена кон секого на