Скопјанец починал на преглед во поликлиниката во Аеродром

За време на преглед во поликлиниката во скопски Аеродром вчера починал маж на 61-годишна возраст. Се работи за лицето Љ.М., а како што информираа од Секторот за внатрешни работи Скопје, тој изгубил свест и починал. Лекар констатирал смрт, а телото на починатиот е дадено на обдукција.

Прочитај повеќе

Во лето е посебно важно да внесуваме колаген, бидејќи сончевото УВ зрачење е причина за оштетување на молекулите на колаген во кожата

Нашето тело произведува колаген, но штом навршиме 20 години, производството се забавува, а по 40-тите години од животот имаме 50 отсто помалку колаген од количината што сме ја имале кога сме имале 20 години. Дополнително исхраната богата со шеќер, стресот и изложувањето на сонце влијаат негативно на создавањето колаген. Експертите

Прочитај повеќе

Разрешен судијата Енвер Беџети, кој од лани е на „црната листа“ на САД

Од страна на Судскиот совет со девет гласа „за„ е разрешен апелациониот судија Енвер Беџети, кој лани во декември заедно со поранешниот прв вицепремиер, бегалецот Артан Груби, беше ставен на т.н. црна листа на американскиот Стејт департмент. На листата заврши поради учество во “значителна корупција“, како што информираа од Стејт

Прочитај повеќе

Со нов инвестициски циклус ТИТАН Усје го одбележува 70-годишниот јубилеј

Со нов инвестициски циклус во дигитализација на процесите, имплементација на модели базирани на вештачка интелигенција и нови производи по највисоките еколошки стандарди, ТИТАН Усје ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј, информираат од таму. Само во следниот период до 2030 година инвестициите во овие сегменти ќе надминат 50 милиони евра, со што

Прочитај повеќе

Кедев го искачи Kanchenjunga, неговиот 13 врв на над 8.000 метри надморска височина

Доктор Сашко Кедев го искачи врвот Kanchenjunga (8,586m), третиот највисок врв на светот. На Кедев му остана уште врвот Gasherbrum-I, за да ги комплетира сите 14 врва кои се повисоки од 8.000 метри надморска височина и главно се наоѓаат на Хималаите. Кедев беше дел од 10-члената група на Imagine Nepal,

Прочитај повеќе

Преку уметност, 80 средношколци од цела држава собраа средства за настраданите во Кочани

„Уметноста има став“, изминатиов викенд во Струга собра 80 средношколци од целата држава кои преку музика, литература, политика, илустрација и графити го изразија својот став на различни општествени теми. Настанот беше во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје, a во соработка со Центарот за едукација и уметност „Хана“. 

Прочитај повеќе

Мухамет Али е нов директор на Центарот за управување со кризи

Мухамет Али е нов директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) откако досегашниот Стојанче Ангелов е назначен за в.д, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). „Ќе се работи посветено на унапредување на капацитетите на Центарот, со посебен акцент на меѓуинституционалната соработка, навременото информирање и брзата реакција во

Прочитај повеќе

Стојанче Ангелов стана директор на Дирекцијата за заштита и спасување

Досегашниот директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов е поставен за нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Тој информираше дека одлуката е донесена по претходен договор со премиерот Христијан Мицкоски. „Дирекцијата за заштита и спасување подолго време се наоѓа во агонија. Покрај недостатокот на

Прочитај повеќе

„Со лутење кон луѓето и кон Бога, не се хендла траума“: Во Сараево се одржа прва конференција посветена на балансот во животот

Известувач од Сараево за еМагазин.мк, Силвана Жежова Прва конференција посветена на балансот во животот се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина на 22 мај. Врвни светски, регионални и домашни предавачи говореа како да се остане здрав и балансиран  во едено брзо време на живеење, кога приватните и професионалните обврски му

Прочитај повеќе

10. најголеми аптеки лани заработиле 193 милиони евра: Анализа на „Пари“

Десетте најголеми аптеки лани заработиле околу 193 милиони евра, покажува анализата на порталот Пари, во која се користени податоци од БизнисМрежа. Според анализата дел од компаниите бележат раст од над 40% на приходите, а добивките кај некои од нив, споредено со претходната година, се повеќекратно зголемени. На врвот е Зегин Фарм, компанија која

Прочитај повеќе

И по седум Грција се уште не ги исполнила обврските од Договорот од Преспа

И по седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, со кој нашата земја си го смени уставното име, јужниот сосед се уште не си ги спровел сите обврски, за разлика од македонската страна која ги спроведи речиси сите. Грција се уште не ги сменила ни

Прочитај повеќе

Бугарија никогаш не ставила вето, вели Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев од Тирана, Албанија, каде е еден од учесниците на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка со Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) на заедничка прес-конференција со неговата македонска колешка Гордана Сиљановска Давкова и албанскиот претседател Бајрам Бегај вчера рече дека Бугарија

Прочитај повеќе

Министерството за финансии вработува 15 службеници

Министерството за финансии објави оглас за вработување на 15 службеници. Се бара помлад соработник – финансиски менаџер, Одделение Национален фонд, (Сектор за управување со средствата од инструментот за претпристапна помош – ИПА), помошник раководител на Сектор за финансиски прашања, советник за сметководствени работи, Одделение за сметководство и плаќање, (Сектор за

Прочитај повеќе

Собранието вработува 49 службеници

Собранието објави оглас за вработување на 49 службеници. Се бара раководител на Одделението за поддршка на работата на претседателот на Собранието и соработка со други институции, (Кабинет на претседателот на Собранието), помлад соработник за стручна помош за подготовка на текстови на предлог на закони, други акти и амандмани кои ги

Прочитај повеќе

Андреја Јосифовски купи акции на Макпетрол

Од Макпетрол АД Скопје преку Македонската берза информираа дека претседателот на Управниот одбор, Андреја Јосифовски, се стекнал со 80 обични акции од издавачот Макпетрол. Купувањето на акции од страна на менаџмент на компанија покажува дека тие веруваат во нејзиниот бизнис и перспективи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 10 нафтени компании лани оствариле приходи

Прочитај повеќе

Каков имот пријавил поранешниот градоначалник Илијев, кој е обвинет за пожарот во Кочани

Меѓу 34. обвинети за трагедијата во т.н. дискотека во Кочани се и тројца поранешни градоначалници на Општина Кочани. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој сè е обвинет за пожарот во Кочани Едниот од нив е Николчо Илијев од опозициската СДСМ, претходникот на Љупчо Папазов, кој беше градоначалник до трагедијата, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ,

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести