
„Матица македонска“ повторно ја објави книгата „Македонското прашање и Балканскиот сојуз“ од бугарскиот академик Цанков – вистината и објективното гледање за Македонија криени во бугарските архиви од 1906 година
„Македонија, таа страдална земја, гробница на многу маченици и јунаци, може да стане гробница и на слободата на Балканскиот Полуостров, ако продолжи да биде јаболко на раздорот. Ако Македоннија меѓу нас раѓа национална омраза, антагонизам, ако на неа ние гледаме, не како на земја измачена, онеправдена, натопена со крв и