
Ова за нас не е политика, туку борба за живот-порачаа родителите на загинатите во „Пулс“, на седницата во Собранието која беше прекината
„Да ве прашам дали одморивте,“ ѝ се обрати коосновачот на Support Kocani Иван Ивановски на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на расправата за трагедијата во „Пулс“ во Кочани, на првата седница на Анкетната комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието, откако дел од пратениците побараа пауза.


















