
Познат идентитетот на 20-годишното момче од Охрид и на 52-годишниот битолачанец кои загинаа во сообраќајката на патот Битола-Ресен
Познат е идентитетот на двајцата загинати во сообраќајната несреќа која се случи вчера на регионалниот пат Битола-Ресен, кај местото Слечиште. На лице место починал 52-годишниот битолчанец П.К., кој живеел во Германија, а по несреќата во Клиничката болница Битола на повредите им подлегнал и 20-годишниот П.Н. од Охрид, информираа од полицијата.