
Имлек влегува во нова ера: Искусни инвеститори ја преземаат водечката млечна компанија на Балканот, во чиј состав е и Бимилк
Компанијата Imlek, водечки производител на млечни производи на Балканот, стои пред значајна промена во сопственичката структура, информираат од таму. Во рамките на групацијата Imlek работи и Бимилк, како еден од клучните и најсовремени регионални капацитети во оваа групација. Бимилк останува составен дел од Imlek и продолжува да работи непроменето, согласно


















