
Од колегите, само јас и Анастасија преживеавме, кажа Дејан Манасиев, шанкер во „Пулс“
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ сведочеше и Дејан Манасиев, кој работел таму како шанкер од 2012 година. Тој е еден од повредените и се уште се бори со здравствени проблеми и со намалена сатурација. Се лекувал во Штип, Скопје и во Грац, Австрија. Во неговото сведочење

















