
Димитар Богески е нов директор на Државниот архив на Македонија
Димитар Богески е нов директор на Државниот архив на Македонија, информираа од таму. Богески на новата позиција доаѓа како заменик-директор на Архивот, каде работи 19 години. Доаѓа на местото на Наташа Котлар-Трајкова, која пред неколку денови информираше дека била разрешена од Владата, телефонски. Фото: Богески/Фејсбук/Државен архив на Македонија


















