
66-годишен маж починал откако паднал во шахта во неговиот двор
Вчера во Полициската станица Струмица е пријавено дека во струмичкото село Радичево е пронајден починат К.Г. (66) од истото село. Tој од невнимание паднал во шахта во неговото дворно место. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа на СВР Струмица, информираа од полицијата. Фото: Unsplash




















