
(Фото) Бродоломите од битката кај Галиполе во фокусот на меѓународниот натпревар за подводна фотографија што се одржува во Чанаккале
Фотографи и авантуристи од целиот свет се дел од меѓународниот натпревар во подводна фотографија – Gallipoli Wreck Fest, што се одржува во Чанаккале. Настанот има за цел да ја овековечи легендарната битка за Галиполе која се одиграла во Првата светска војна и траела од ноември 1914 до март 1915 година.