
69-годишен маж загина откако со возило излетал на патот Гостивар – Србиново
Маж на возраст од 69 години загинал вчера откако со возило излетал на регионалниот пат од Гостивар до селото Србиново, на влезот за селото Лакавица. Се работи за лицето Т.Ф. од гостиварското село Беловиште, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, тој починал на лице место.

















